Тинејџер од австралиската покраина Квинсленд почина од убод од медуза. Тоа е прв ваков смртен случај во земјата по пауза од 14 години.
Младиот човек пливал во северното приморје кога го допрела т.н. морска оса (Chironex fleckeri), која се смета за најотровната медуза и едно од најопасните морски животни. Несреќата се случила на 22 февруари.
Набрзо пристигнало и возило на Итната помош и 14-годишникот веднаш бил пренесен со хеликоптер до најблиската болница. Полицијата во Квинсленд денеска потврди дека момчето починало во понеделникот.
Последна жртва на т.н. морска оса беше шестгодишно момче во 2007 година.