Незадоволна од папарацо – фотографиите, Џенифер Лопез објави „фотошопирана“ верзија: Дали има разлика?

Instagram
Instagram

Латино дивата Џенифер Лопез неодамна предизвика лавина коментари откако папараците ја „уловија“ во костим за капење на плажата на островите Туркс и Кајкос. Иако многумина го пофалија нејзиниот изглед, имаше и такви кои сепак ги забележаа нејзините несовршености.

Имаше коментари како оние дека е „обична“ и дека ги разочарала. Џенифер вежба секој ден во теретана и има правилна и здрава исхрана, а нејзините обожаватели се согласија дека изгледа како „секоја друга жена“.

Дека овие коментари сепак ја трогнале, покажа латино дивата објавувајќи нова фотографија во костим за капење на нејзиниот инстаграм – профил

Позираше повторно во костим за капење, но овој пат малку се „испегла“. Таа позираше без шминка, а нејзините облини дојдоа до израз. Таа исто така ја истакна тесната половина и тешко е да се игнорираат нејзините видно дефинирани раце.

По папарацо фотографиите, нејзините следбеници исто така напишаа дека нејзините фотографии на социјалните мрежи немаат никаква врска со реалноста.

Instagram
Instagram

Таа се обидува да остане во форма, но не се двоуми да употребува разни „алатки“ за да изгледа беспрекорно на фотографиите на нејзиниот инстаграм – профил.

„Прошетав низ населбата и наидов на десетина поубави жени. Не знам што е толку привлечно на неа? Толку многу пари, а многу просечна жена“, е само еден од коментарите под нејзината фотографија.

На крајот на краиштата, проценете сами која е разликата помеѓу инстаграм фотографиите со многу филтери и реалноста кога станува збор за Џеј Ло.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот