По палењето на Куранот во Стокхолм, Турција го одложи состанокот со Шведска и Финска за НАТО

Турција го одложи трилатералниот состанок со Шведска и Финска, закажан за февруари, по протестите што викендот се одржаа во Стокхолм, во кои беше запален Куранот, што предизвика осуда од Анкара, објави денеска државната телевизија ТРТ.

Средбата што требаше да се одржи во февруари во Брисел е одложена на барање на Анкара, објави ТРТ, повикувајќи се на турски дипломатски извори. Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на месецов изјави дека на тој состанок ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор од турското претседателство изјави дека Турција не ја откажала, туку ја одложила средбата, без да прецизира кога таа би можела да се одржи.

Ердоган вчера рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за пристапување во НАТО по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм каде беа запалени примероци светата книга на исламот.

Минатата година Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор, по почетокот на руската инвазија на Украина, но за тоа им е потребна поддршка од сите членки, вклучително и Турција.

Ердоган со нов апел до Шведска и Финска: Предајте ги терористите ако сакате да влезете во НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот