По палењето на бугарско знаме во Вевчани: Осуда од државниот врв, ЈО ќе поведе истрага за случајот

Фото: youtube/printscreen

Палењето на бугарското знаме викендот во Вевчани претставува жешка шлаканица на засилените дипломатски активности во насока на затоплување на односите и враќање на довербата меѓу Македонија и Бугарија. Источниот сосед испорача демарш за немилите сцени од карневалот, а со случајот ќе се занимава и Јавното Обвинбителство чија истрага треба да утврди дали има кривично дело – повреда на углед на странска држава.

– Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик. По наредба на Обвинителството, СВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на настанот, велат од Јавното Обвинителство.

Демаршот за палењето на знамето го достави бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, по што се надоврзаа со реакции од државниот врв. Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот во Вевчани.

– Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување, напиша претседателот Пендаровски.

Од МНР, пак велат дека ваквиот чин го уништува угледот не само на Карневалот, туку и на земјата.

– Вековна традиција не смее да биде загрозена со активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, посебно нашите соседи, велат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот