18 C
Скопје

По отказот на главниот уредник во унгарски „Индекс“ и 50 новинари дадоа оставки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обидува да контролира поголем дел од медиумите во земјата.

Тројца уредници и повеќе од 50 новинари од независниот унгарски портал „Индекс” (Index.hu) дадоа отказ откако беше отпуштен главниот уредник Саболц Дул.

Во соопштението на новинарите се оценува дека отказот за нивниот шеф е „отворен обид за вршење на притисок врз порталот.

Тие истакнаа дека дале отказ откако претседателот на Управниот одбор го одбил нивното барање Соболц да биде вратен на местото главен уредник, кој беше отпуштен пред два дена.

„Индекс” минатиот месец од независен портал премина во категоријата „во опасност”, откако новинарите не се согласија со реорганизација на редакциите.

„Индекс” е меѓу неколкуте независни медиуми, кои се финансиски загрозени и со намалена слобода за дејствување поради напорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан да контролира се поголем број медиуми.

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Остави Коментар