По отказите на неколку лекари, вонредна контрола ја чешла „Жан Митрев“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извршил вонреден инспекциски надзор во болницата „Жан Митрев“ и констатирал дека здравствената дејност се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.

„Државниот санитарен издравствен инспекторат на 12.08.2019 година изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019г. При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“, се вели во соопштението.

Ова следува откако детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски и уште четири други лекари дадоа отказ од „Жан Митрев“. Тие беа дел од тимот кој во приватната болница се префрли од Клиниката за детска хирургија со цел кај Митрев да почне да се изведуваат каридиохируршки операции кај новороденчиња со вродени срцеви мани. Проблем е што Чадиковски е единствениот лиценциран кардиохирург во земјава, па останува отворено прашањето кој сега ќе ги оперира новороденчињата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот