По откажување на преговорите, нови напади во Авганистан – Слободен печат
ВестиПланета

По откажување на преговорите, нови напади во Авганистан

Денешните борби во Кабул следат по вчерашното откажување на разговорите меѓу претставници на авганистанското општество и талибанците во катарскиот главен град Доха

Група вооружени лица денеска извршија напад во близина на зградата на Министерството за телекомуникации на Авганистан во центарот авганистанскиот главен град Кабул.

Очевидци на настанот за западни медиуми изјавија дека прво се слушнала експлозија, по што уследила престрелка меѓу „неколкумина вооружени лица” и припадници на авганистанските безбедносни сили.

Информацијата за нападот ја потврдија и официјални авганистански претставници, но засега нема податоци за евентуални жртви.

Денешните борби во Кабул следат по вчерашното откажување на разговорите меѓу претставници на авганистанското општество и талибанците во катарскиот главен град Доха.

Тоа требаше да бидат први разговори меѓу претставници на авганистанската Влада и талибанските бунтовници, со цел изградба на мерки на доверба и разгледување на можноста за отпочнување преговори за ставање крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан.

Авганистанската војска евакуира луѓе после експлозијата во зградата на министерството за информации и технологија на Авганистан во Кабул. Фото: EPA-EFE/JAWAD JALALI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close