По осумнаесет часовен прекин дебарското подрачје доби струја

Фото: МИА

 По осумнаесет часовен прекин, дебарското подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, во утринските часови доби елекетрична енергија.

Прекинот во снабдувањето беше регистриран вчера во 10:30 часот, а нормалното снабдување почна во 4:35 часот утрово.

Прекинот беше последица на оштетувањата на 110 киловолтниот далновод од ХЕ Вруток до ХЕ Шпилје и 110 киловолтниот далновод од ХЕ Глобочица до ХЕ „Шпилје, од невремето присутно во овој регион.

Со максимални напори шесте екипи, кои работеа во текот на ноќта во многу неповолни услови, успее да ги санираат дефектите. Во моментот нормално е снабдувањето со електрична енергија на целото подрачје, потврдуваат локалните власти на општините.

Ова подрачје опфаќа повеќе од 12.000 потрошувачи или околу 20 илјади жители.

Од општина Дебар додаваат дека во текот на денов планирана е средба на градоначалниците од трите општини „погоден одова катастрофа, за да се побара поголема сериозност во справувањето со вакви појави при појава на невреме”.

Обилниот и интензивен дожд кој врнеше во текот на ноќта дополнително го зголеми водостојот на притоките кои се слеваат во река Радика, што условува постојан пораст на нејзиниот водостој кој е околу 190 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот