По оставката на Валбона, избран нов градоначалник на Драч

По оставката на Валбона Сако, за привремен градоначалник на Драч, општинскиот совет го назначи Жиљан Варфај,кој во изминатите 12 години беше заменик градоначалник.

Тој на оваа функција останува до спроведување предвремени избори за градоначалник на Драч.

Сако поднесе оставка, по изјавата за Топ ченел, во која рече дека „ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од 1000″.

Поднесувајќи ја оставката таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала. Им се заблагодари на сите за довербата што и ја дале и побара разбирање,поради изјавата која е последица премореност и стрес.

Неколкучаса по Сако оставка поднесе и актуелната заменик градоначалничка Етлева Конди,која на оваа функција беше назначена пред два месеца.

На назначувањето на Варфај раеагираше опозициската Демократска партија,осудувајќи го изборот на „човек на клорумпирани тендери” и човек на Ванѓел Дако,поранешен градоначалник за кого демократите обвинуваат дека е вмешан во криминални активности и купување гласови под закана во интерес на социјалистите.

„Со денешната одлука на советот на општината, Жиљан Варфај, човекот на Вангел Дако, човекот на корумпираните тендери,чие досије се уште не е заокружено во обвинителството, го презема раководството на Општината. Последователните оставки на Сако и заменик градоначалничката Конди, всушност, покажуваат распаѓање на Еди Рама, архитектот на уривањето на Драч“, се вели во објавата на Фејсбук.

Се додава дека денеска владее целосна анархија во градската администрација која со години „не им служеше на интересите на граѓаните, туку само на криминалните групи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот