По оставката на Валбона, избран нов градоначалник на Драч

По оставката на Валбона Сако, за привремен градоначалник на Драч, општинскиот совет го назначи Жиљан Варфај,кој во изминатите 12 години беше заменик градоначалник.

Тој на оваа функција останува до спроведување предвремени избори за градоначалник на Драч.

Сако поднесе оставка, по изјавата за Топ ченел, во која рече дека „ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од 1000″.

Поднесувајќи ја оставката таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала. Им се заблагодари на сите за довербата што и ја дале и побара разбирање,поради изјавата која е последица премореност и стрес.

Прочитајте и...  Во Белград редови и турканици со денови за ПЦР тестирање за коронавирус

Неколкучаса по Сако оставка поднесе и актуелната заменик градоначалничка Етлева Конди,која на оваа функција беше назначена пред два месеца.

На назначувањето на Варфај раеагираше опозициската Демократска партија,осудувајќи го изборот на „човек на клорумпирани тендери” и човек на Ванѓел Дако,поранешен градоначалник за кого демократите обвинуваат дека е вмешан во криминални активности и купување гласови под закана во интерес на социјалистите.

„Со денешната одлука на советот на општината, Жиљан Варфај, човекот на Вангел Дако, човекот на корумпираните тендери,чие досије се уште не е заокружено во обвинителството, го презема раководството на Општината. Последователните оставки на Сако и заменик градоначалничката Конди, всушност, покажуваат распаѓање на Еди Рама, архитектот на уривањето на Драч“, се вели во објавата на Фејсбук.

Прочитајте и...  Новата учебна година во Австрија ќе почне нормално и без маски

Се додава дека денеска владее целосна анархија во градската администрација која со години „не им служеше на интересите на граѓаните, туку само на криминалните групи”.

Прочитај повеќе

Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава

МИА Агенција

Градинките во Гевгелија половично ќе бидат пополнети со деца

МИА Агенција

Повеќето кафулиња и ресторани во Грција со ограничено работно време

Слободен печат

Од утре претежно сончево со дожд и грмежи попладне

МИА Агенција

Ковалкова: Белоруските власти ја принудија Тихановскаја да ја напушти земјата

Слободен печат

Комисијата за заразни билести и МОН го одложија за утре состанокот за протоколите за наставата

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација

Мирослава Бурнс

Мицотакис ќе ги информира лидерите на политичките партии за турскиот брод, непроменета позицијата на „Оруч Рејс”

Слободен печат

Жителите на Хонгконг во редови чекаа да купат копија од весникот „Епл дејли“ како поддршка за медиумите

Слободен печат

Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

Слободен печат

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата

МИА Агенција

Ву: Кина се обидува од Тајван да направи иден Хонгконг

Слободен печат