По оставката на Харадинај, еве што ќе прави Тачи оваа недела

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по оставката на премиерот, Рамуш Харадинај информираше дека ќе ги преземе сите потребни активности во согласност со надлежностите утврдени со Уставот на Косово, јавува Клан Косова.

Во соопштение за печат од неговата канцеларија во четвртокот беше информирано дека од оваа недела шефот на косовската држава ќе започне консултации со политичките партии/коалиции, за да преземе понатамошни чекори што ќе доведат до надминување на ситуацијата создадена од оставката на премиерот.

Инаку, Рамуш Харадинај поднесе оставка на 19. јули, по покана за распит од Специјалниот суд во Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот