По одлуката да се прекине првенството, француските екипи најавуваат тужби

Фудбалската федерација на Франција донесе одлука предвреме да се заврши Лига 1 и титулата да му се додели на ПСЖ, а ист така е одлучено и кои екипи ќе играат во европските купови.

Тоа сценарио не им се допадна на неколку екипи, а прв кој ќе реагира е Олимпик Лион кој пак по 23 години нема да игра во ЛШ или ЛЕ.

Олимпик Лион по прекинот на првенството предизвикано од пандемијата на коронавирусот, на 11 кола до крајот беше седми на табелата и таа позиција не носи пласман во европските купови.

Во Лигата на шампионите директно учество обезбедија ПСЖ и Олимпик Марсеј, а Рен ќе игра во квалификациите. Во квалификациите за Лигата на Европа ќе настапат Лил, Ница и Ремс.

Ваквото сценарио за прв пат по 1997 година го остава Олимпик Лион надвор од евросцената по што од клубот најавија дека се подготвени за војна со ФФФ и ќе превземат правни мерки.

– Ни ги земаат парите од нашите џебови со ваквата одлука. Имаме добри шанси да дојдеме до место на табелата кое води во Европа доколку се продолжеше сезоната. Вака останавме без десетици милиони евра – изјави претседателот на Олимпик Лион, Жан Мишел Ола.

Лион кој во моментот на прекинот беше седмопласиран на табелата со 40 бодови, само еден помалку од петтиот Ремс.

Не е само Лион бесен на ФФФ, туку и Амиен кој исто така најави тужба против одлуката на федерацијата. Со прекинот на првенствоот, Амиен испадна од првата лига, но челниците на екипата сметаат дека можеа да обезбедат опстанок во лигата.

Тие на суд ќе бараат или сезоната да се поништи или да се доиграат сите натпревари до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот