По обвиненијата од српската водителка се огласи Калиопи: Не знам што ѝ е на госпоѓата, никој не ме навредил како Весна

Македонската пејачка Калиопи Букле со огласи по изјавата на српската водителка Весна Дедиќ, која за медиумите раскажала дека никогаш повеќе нема да ја покани во емисија, бидејќи, како што тврди, не сакала да ја испочитува.

Калиопи е шокирана од изјавата на Дедиќ и демантира дека ѝ се заканувала со отказ.

Instagram
Instagram

Мене никој не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што ѝ е на госпоѓата и што сакала да каже со тоа. Цели 35 години ја работам оваа работа и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту така ме навредил како што таа ме навреди. Точно е дека тогаш задоцнив на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа што се случила поради невреме, бидејќи патував од Загреб за Белград, нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова го слушам првпат сега, шокирана сум од она што го зборува. Како и да е, јас ја почитувам Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, како интелектуалка, новинарка и писателка, дури ги прочитав и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што таа жена зборува. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканувам на некого со отказ, тоа е скандалозно што го зборува. Никогаш во животот не сум имала проблем од ваков вид“, изјавила Калиопи за српски „Курир“.

Овој одговор на Калиопи дополнително ја изнервирал Дедиќ, која и понатаму не се откажува од своите тврдења.

За жал, Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак, и понатаму ја слушам Калиопи и не е важно она што го направила во афект“, истакнала водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Dedić (@dedicvesna)

Дедиќ претходно изјави дека Калиопи не се појавила на закажаното снимање, дека таа и тимот не сакале да ја чекаат и дека никогаш нема да премине преку таа ситуација.

Таа рече дека не доаѓа предвид и дека ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти, ако не ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш тоа нема да ѝ го заборавам“, истакна Дедиќ за „Свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот