По Номе Калју, Шкендија ја очекува поранешен европски шампион

Екипата на Шкендија доколку го елиминира естонскиот првак Номе Калју, во второто коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, може да игра со поранешниот европски шампион, Селтик.
Прво Шкендија ќе мора на двомечот со Номе Калју да излезе како победник, додека Селтик во првото коло игра со шампионот на БиХ, Сараево, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец, Крсте Велковски.

Натпреварите од второто квалификациско коло во ЛШ предвидено е да се играат на 23 или 24 јули, додека реваншите се закажани за 30 или 31 јули.

Доколку македонскиот шампион загуби од Номе Калју, тогаш натпреварите ги продолжува во квалификациите за Лигата на Европа и ќе игра против победникот од дуелот Дуделанж – Валета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот