По неколкуте инциденти Лекарската комора бара итна средба со Филипче и Спасовски

Фото:

По неколкуте инциденти во кои физички беа нападнати лекари, медицински сестри и вработени во болници, Лекарката комора бара итна средба со министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Згрозени и револтирани сме од ова што се случува. Секој ден имаме нови инциденти во здравствените установи во кои жртви на вербилни и физички напади  се  докторите и другите здравствени работници… Ни се случи Тетово, Драчево, Кавдарци, Градска хируршка болница Скопје…. Тоа е недозоливо и од тие причини како Лекарската комора на Македонија инициравме итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Неопходно е да се изнајдат конкретни и трајни решенија за ваквите појави што, за жал, станаа дел од нашето секојдневие. Како Комора бараме  предизвикувачите на инцидентите под итно да се казнат и против нив да се преземат максимално предвидени казни, како и други мерки, согласно позитивните законски прописи. Ова што се случува е скандалозно затоа што во опасност се доведени здравствени работници кои пружале здравствени услуги на пациенти, најчесто ургентни и животно загрозувачки случаи“, се вели во реакцијата на Комората.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот