По недоразбирање во сообраќајот завршиле со тепачка пред маркет во Кисела Вода

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

По недоразбирање во сообараќајот две лица расчистувале сметки со физичка пресметка пред маркет, соопштија од МВР.

На 13.08.2021 во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред маркет на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С.(41) од Скопје и И.Р.(24) од с.Орешани, скопско. Сочинети се записници за констатиран прекршок чл.11 од ЗППЈРМ.

Видео на денот