По масовните протести Нетанјаху попушти: Постигнат договор за одложување на судските реформи до јули

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за внатрешни работи Бен Гвир постигнаа договор за одложување на судските реформи во Израел до јули.

Ултрадесничарската партија Еврејски сили денеска објави дека нејзиниот лидер Итамар Бен-Гвир, министер за национална безбедност, се согласил да и дозволи на владата да го продолжи рокот за спроведување на планот за реформи во правосудството.

Рокот е до следната седница на Кнесетот (парламентот) на Израел на почетокот на мај, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе може да го спроведе планот преку преговори со опозицијата.

Во замена за согласноста на Бен-Гвир, Нетанјаху се согласи да формира цивилна национална гарда која се очекува да ја подобри јавната безбедност. Формирањето на гардата, наводно, ќе биде одобрено на претстојниот состанок на владата. Гардата ќе биде контролирана од министерството на Бен-Гвир.

Тој се закани дека ќе ја напушти владата доколку Нетанјаху го одложи спроведувањето на планот, што ќе го загрози опстанокот на коалицијата на власт.

Инаку израелската синдикална организација Хистадрут повика денеска на генерален штрајк среде масовните протести против судските реформи. Штрајкот како што наведоа ќе започне доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не објави дека се откажува од планираните реформи.

Израелските амбасади повикани да се приклучат на штрајковите против судските реформи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот