По маратонските разговори во текот на ноќта, Самитот на ЕУ продолжува и денеска

Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

По вчерашните осумчасовни разговори и консултации во различни формати, на третиот ден од самитот, лидерите на ЕУ 27синоќа повторно се собраа на пленарна, заедничка работна вечера, за да направат 45-минутна пауза пред полноќ.

Иако беше најавено дека заедничката расправа на сите 27 претседатели и премиери на ЕУ за пакетот за закрепнување ќе започне уште во недела напладне, се до вечерните разговорите се одржуваа одделно, како меѓу претставниците на земјите-членки, така и со посредство на претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел.

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел разговараа за пакетот вреден 1,824 милијарди евра, што вклучува повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за заздравување (750 милијарди евра).

Досега не е постигнат договор ниту за големината на пакетот, ниту за односот  на неповратната помош и заемите на кои земјите-членки можат да сметаат од фондот за закрепнување, како и за условите за управување со парите.

Како што пренесуваат странските агенции, разговорите ќе продолжат денеска околу пладне.

Баренд Лејтс, портпарол на домаќинот на состанокот и претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Твитер напиша дека 27-те лидери, по разговорите во текот ноќта, ќе продолжат со дискусиите во помали групи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот