-6 C
Скопје

По ковид-19 рекордите и албанските угостители ќе работат со ограничено работно време

Поради високите бројки на новозаразени во текот на овој месец, во просек 300 дневно или 22 отсто од тестираните, албанскиот Комитетот за заразни болести најави ограничување на работното време на угостителските објекти.

-За последните две недели, инциденцата на случаи со Ковид-19 е 130 на 100.000 жители. Ја разгледуваме можноста за ограничување на работното време на угостителските објекти по 22:00 часот. На почеток тоа ќе биде во местата каде се сметаат за жаришта на болеста. Ве замолувам строго почитувајте ги мерките да не мораме повторно да воведување построги мерки, апелираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Министерството за образование започна со подготовки за продолжување на наставата преку интернет. За таа цел извршена е обука на 17.000 наставници низ целата земја за користење онлајн платформа.

Прочитајте и...  Мицотакис: Процените се дека првите вакцини во Грција ќе пристигнат пред крајот на годината

Инаку, во последното деноноќие од направените 1.422 тестови, позитивен резултат е добиен кај 275 или над

19 отсто од тестираните. Во исто време починати се шест лица или 499 до сега, додека оздравеле 114 или 11.007 од вкупно заразените 20.315. Активни на болеста се 8.809.

Расте бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 291 лице, од нив 13 се на интензивна терапија додека петмина се интубрани.

Извор:МИА

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар