По Костова и Кабранов ја напушта 1ТВ

Уредниците од 1ТВ, чиј неформален сопственик Бојан Јовановски, Боки 13 вчера беше уапсен и доби 30 дневен притвор поради перење пари и примање награда за противзаконито влијание, се оградуваат од последните случувања и сомнежите за криминал.

Главниот уредник во изјава за „А1он“ потврди дека си заминува од телевизијата.

– Сакав да направиме проект и сметам дека бевме успешни. Договорот со 1ТВ го потпишував секој месец, но следниот нема да го потпишам. Не поради целата работа што се случи, туку од здравствени причини. Јовановски не се мешаше во уредувачката политика, известуваме според професионални стандарди. Не сум човек кој заради својата комоција ќе се води по интересите на газдите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту пак овде, да злоупотребувам колеги за нечии интереси“, вели Кабранов.

Јадранка Костова се повлече од тимот на 1ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот