По косовскиот премиер Хоти, денеска и неговиот заменик позитивен на коронавирусот

По косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека резултирал позитивен на тестот што го извршил за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави самиот Селаманај преку својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека денешните резултатие од вчерашното тестирање покажале оти е асимптоматичен.

– Вчера го направив тестот за Ковид-19 и денеска ме информираа дека сум резултирал позитивен. Здравствените специјалисти ми велат дека сум асимптоматичен. Од моментот на тестирање сум во изолација и вака сум принуден да останам и во наредните две недели, напиша Селманај, додавејќи дека должноста ќе ја извршува од својот дом.

Пред два дена, на 2 август, премиерот Хоти објави дека тестирањето кое го извршил дента покажало оти е носител на новиот коронавирус. Тој наведе дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот