По Канје Вест, „Адидас“ ја прекинува и соработката со Бијонсе

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американнската ар-ен-би пејачка Бијонсе и спортскиот бренд „Адидас“ наводно ја прекинале соработката, пишуваат западните медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Everything Bey (@virgoyoncee)

Веста за прекинувањето доаѓа речиси два месеци откако продажбата на линијата облека на Бијонсе – „Ајви парк“, опадна за 50 отсто, што ѝ донесе само 40 милиони долари во 2022 година во споредба со 93-те милиони во 2021 година. Во тоа време, „Волстрит журнал“ предвидуваше дека колекцијата на Бијонсе лани ќе ѝ донесе повеќе од 250 милиони долари приход, но сепак, во пет од последните шест изданија на колекцијата, приближно половина од произведената стока не се продаде, а тоа би значело огромна загуба за „Адидас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yoncebgkc (@yoncebgkc)


Патем, колекцијата на Бијонсе има неколку стилови за возрасни и деца – хеланки, дуксери, фустани, чорапи, спортски градници и патики, во големини од XXXС до XXXXЛ.

Последната линија беше во портокалова и сина боја. Пејачката го избра и раперот Ајс Спајс за во рекламите за таа облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот