По итната хоспитализација се огласи Роберт Де Ниро: Се срушив од болка!

Фото: Јутјуб

Бидејќи во следните три недели тој нема термини за снимање, се верува дека ќе може целосно да се опорави…

Роберт Де Ниро за првпат се јави по повредата на ногата на снимањето на филмот „Killers of the Flower Moon“, на Мартин Скорсезе, за која беше итно хоспитализиран. Славниот актер истакна дека секој маж, кој е постар – мора да го очекува неочекуваното, особено ако е активен на работа, исто како него.

За потсетување, пред неколку дена на Роберт на снимањето му беше укажана итна лекарска помош во Њујорк по повредата на мускулот на квадрицепсот.

Роберт Де Ниро повреден за време на снимањето на филмот „Killers of the Flower Moon“: Веднаш заминал во болница

Бидејќи нема закажани термини за снимање во следните три недели, се верува дека тој ќе може да се опорави целосно и на време, додека неговите колеги сигурно ќе продолжат со својата работа.

– Колку повеќе стареете, мора да го очекувате неочекуваното … Не знам, навистина, како го повредив овој мускул. Само сакав да направам чекор, да преминам преку нешто и едноставно се срушив од болка. Закрепнувам – изјави тој за „ IndieWire “, пренесува „ People “ и продолжи: „Знаете како, се сè случува. Особено во старите денови. Но, јас туркам. Во филмот на кој работиме секако не сум во преден план, не се движам многу, фала му на Бога. Значи, нема да има проблеми. Сè што треба да се случи сега е процедура, а потоа морам да ја држам ногата некое време како што ми велат, за сè да се врати во нормала – рече актерот, истакнувајќи дека ќе ги послуша сите совети на лекарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот