По Италија, скандал и во Англија: Премиерлигашите соработувале со сомнителни „крипто“ фирми?

Криптовалутите го „освојуваат“ и спортот/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Само неколку дена откако фудбалскиот свет го потресе скандалот околу наводните финансиски малверзации на Јувентус, денеска весникот „Тајмс“ открива дека екипи од Премиер лигата соработувале со компании кои работат со криптовалути.

Премиерлигата за „Тајмс“ потврди дека ќе започне истрага за партнерството помеѓу англиските екипи и „крипто“ фирмите. Лигата е внимателна со овие компании поради недостатокот на регулирани правила и прописи во работата со криптовалутите.

Тајмс“ до ваквите сознанија дојде откако Манчстер сити мораше да ја прекине соработката со фирма која работи со криптовалути и тоа откако клубот откри дека еден од раководителите чии имиња беа во соопштението за јавност, не бил присутен на мрежата.

Неколку спортски екипи, лиги и играчи прифатија да бидат партнери со „крипто“ фирмите бидејќи тоа за нив е уште еден извор на приходи.

Но, со појавата на пазарот на нови криптовалути, се зголемува и процентот за пропаст на новите криптовалути и тоа на сметка на навивачите чии инвестиции може да им предизвикаат финансиски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот