По исфрлањето од ноќен клуб Халанд се врати на „работата“ на нива

twitter/Bundesliga English

Норвешкото чудо од дете на интересен начин се подготвува за наредната сезона.

Одличниот напаѓач Ерлинг Халанд се одмора во Норвешка по првата полусезона во Бундеслигата, но според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, играчот на Борусија Дортмунд повеќе работи отколку што одмора.


Минатата недела објави фотографија како во работно одело држи моторна пила, а неколку дена подоцна беше исфрлен од ноќен клуб по што доби серија критики.

– Ерлинг не беше пијан иако сите мислеа така. Тој соработуваше и покажа разбирање поради целата ситуација додека разговаравме. Поради актуелната состојба со коронавирусот, обезбедувањето беше свесно дека ќе се направи мешанива околу него бидејќи сите ќе сакаат да се сликаат или автограм па поради тоа го замоливме да си замине – изјави за норвешките медиуми, шефот на обезбедувањето на ноќниот клуб.


Се чини дека Халанд одлучи да ги послуша критичарите и се врати на работата – на нива.
Тој објави фотографија на која седи на трактор, а веднаш реагираше и неговиот клуб Борусија Дортмунд.

„(емотикон на трактор) Ерлинг мораме повторно да разговараме за бојата“, одговори Борусија, а притоа мислеше на бојата на невниот најголем ривал, Шалке чија заштитна боја е сината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот