По интервјуто на Заев, се огласи Мицкоски: Не сакам да бидам мандатар во време кога се бројат жртви од коронавирусот

Избори ќе има кога ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека не сака да биде мандатар во време кога се бројат жртви од коронавирусот.

За тоа како понатаму без избори, вели очекува да се договорат на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 16 февруари, лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вели дека и во минатото имаше таква иницијатива, но тогаш Уставниот суд ја отфрли како неоснована. За конечен став од партијата побара да се почека одлуката на Уставен.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека треба да се зграпчи првата можност за одржување на парламентарни избори зашто, како што вели, не се знае кога ќе има втора шанса и ја обвини опозицијата дека сака да избега од изборно соочување.

Заев: Треба да ја зграбиме првата можност за избори – Политичката кариера на Мицкоски е во прашање, бидејќи тој што губи си оди (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот