По иницијатива на невладина организација: Русија почна да вакцинира бездомници во Санкт Петербург

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Околу 40 бездомници во Санкт Петербург денеска се вакцинирани против ковид-19, соопшти руска невладина организација која ја покрена иницијативата.

– Овде има многу луѓе кои се дел од ризична група и важно е да бидат вакцинирани, наведе организацијата „Ночејка“ која дава помош на бездомници во Санкт Петербург.

Засега, како што додаваат, ќе бидат вакцинирани десетици бездомници. Се проценува дека во Санкт Петербург, град со околу пет милиони жители, има околу 15.000 бездомници.

Вакцинацијата против коронавирус во Русија почна во јануари. Од почетокот на пандемијата до денеска, во земјата се регистрирани 4,16 милиони инфицирани лица со ковид-19 од што досега починаа 83.293 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот