По инцидентот во Народното Собрание на Република Српска, се огласи министерот Лукач: „Цел ден ме провоцираше со знамето на НАТО“

Фото: Принтскрин/ BN TELEVIZIJA

По синоќешниот инцидент во Народното Собрание на Република Српска, кога Министерот за внатрешни работи Драган Лукач го нападна пратеникот на опозицијата Драшко Станивуковиќ, првиот човек се огласи за медиумите.

Тој кажа дека го турнал Станивуковиќ поради тоа што не сакал да му овозможи да го загорзи, но и поради тоа што пратеникот на опозицијата цел ден го провоцирал со заменцата на НАТО.

– Жал ми е поради тоа што се случи во Народното Собрание. Се извинувам поради тоа што тие работи не се примерни за Народното Собрание, но никој не смее да ми приоѓа и да ме спречува да го одржам говорот – изјави Лукач, додавајќи дека и однесувањето на пратеникот не било соодветно.

Знаменцето на НАТО направи хаос: Првиот човек на полицијата во Република Српска „делеше“ шамари во Собранието (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот