Ким Кардашијан, Канје Вест и децата - Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

По инцидентот со песната за Диди, Ким Кардашијан планира на Канје да му го одземе правното старателство на нивните деца

Ким Кардашијан планира да го промени договорот за старателство со поранешниот сопруг Канје Вест, откако тој објави песна во која се појавува нивната ќерка Норт без нејзина дозвола, пишува „Пејџ сикс“.

Според „ТМЗ“, Кардашијан размислува да го тужи Канје и да побара од судијата да му го одземе заедничкото правно старателство поради овој инцидент.

Поранешните сопружници, кои се венчаа во 2014 година, се согласија на заедничко физичко и правно старателство над нивните четири деца по нивниот развод во 2022 година. Според изворите, физичкото старателство не е проблем бидејќи Канје ретко ги гледа децата, а Ким и понатаму сака децата да имаат добри односи со нивниот татко.

Меѓутоа, кога станува збор за носење важни одлуки за нивните деца, ситуацијата е поинаква. Според претходниот договор за развод, поранешната двојка се согласила дека доколку дојде до конфликт во врска со децата, тие ќе мора да учествуваат на приватно рочиште пред судот.

Ким побарала итен состанок со адвокати, посредник и судија кога дознала дека Канје планира да објави песна со нивната ќерка Норт и раперот Пи Диди, кој моментално се соочува со сериозни обвиненија.

Иако Канје не се појавил на договорената средба, тој се согласил да не ја објави песната „Lonely Roads Still Go to Sunshine“. Сепак, еден ден подоцна тој го прекрши договорот и објави песна на платформата Икс во која вели дека „мажите ги носат конечните одлуки“.

Според „ТМЗ“, Канје објавил принтскрин слики од пораките што Ким му ги праќала за песната на Икс. Оттогаш тој ја избришал објавата, но наводно ѝ рекол на својата поранешна сопруга дека никогаш повеќе нема да зборува со неа бидејќи таа го заштитила името на нивната ќерка.

„Претходно те прашав дали можам да го заштитам нејзиното име. Ти рече дека можам. Кога ќе наполни 18 години, името оди кај неа, затоа престани. Ги испратив документите за да не биде во песната со Диди, за да ја заштитам”, одговорила Ким.

Канје ѝ се закани со „војна“ доколку не го смени барањето и рече дека ниту еден од нив нема да се опорави од прашината што ќе се крене во медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот