По хулиганите на Марсеј и навивачите на Сент Етјен упаднаа на тренинг на фудбалерите

принтскрин

Навивачите на „зелените“ не беа агресивни како тие на Олимпик Марсеј.

Само неколку часа откако навивачите на Олимик Марсеј незадоволни од резултатите, со пиротехничко шоу го „запалија“ тренинг кампот на клубот, сличен настап имаа и навивачите на уште еден француски гигант, Сент Етјен.

Навивачите на „зелените“ влегоа во тренинг комплексот и го прекинаат тренингот на првата екипа. На видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како поголема група на навивачи ги опкружија фудбалерите и почнаа да пеат песни.

Според француските медиуми, навивачите сакале да им дадат поддршка на фудбалерите, додека дел од медиумите тврдат дека тие ги навредувале играчите.

Причината за упадот на навивачите е слабата форма на играчите на Сент Етјен кои имаат само една победа во последните 18 натревари во Лига 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот