ПО ГРЕШКА ОСЛОБОДИЈА ОПАСЕН ПЕДОФИЛ: Човекот кој злоупотреби десетгодишно девојче сега е на слобода

Фото: Принтскрин/11Alive

Во американската сојузна држава Џорџија трае потрагата за педофил кој беше осуден за силување на дете. Тони Мејкон Муњоз-Мендез беше во затвор четри години, а претходно е осуден за силување и тешка злоупотреба на девојче помало од десет години.

Тој беше осуден на доживотна казна-затвор, а минатата недела од затворот по грешка е пуштен на слобода, објави Фокс Њуз, повикувајќи се на соопштението за медиумите на затворот од Џорџија.

Муњоз-Мендез (31), пуштен е поради грешка од затворот Роџерс Стејт во руралниот округ Татнал. Грешката се случила во 11.30 наутро минатиот петок, соопштија од затворот, а пренесе „Индекс.хр“.

– Ги користиме сите ресурси за брзо да го фатиме Муњоз-Мендез – се додава во соопштението од затворот.

Муњоз-Мендез е во затворот од 2015 година, откако е осуден за силување и тешка злоупотреба на девојка помлада од 10 години во округот Гвинет, јавува WSB-TV од Атланта повикувајќи се на изворите од судот, пренесува Фокс Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот