По Ѓоковиќ и Зверев се најде на удар: Наместо самоизолација – забава

Александер Зверев/Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Германскиот тенисер се најде на удар на тениската јавност поради своето однесување.

Зверев кој беше дел од двата турнири од серијата „Адриа тур“ кои се играа во Белград и Загреб, објави дека пред шест дена се тестирал на коронавирус и тестот бил негативен и дека по препорака на лекар тој ќе замине во самоизолација.

Германскиот тенисер истакна дека ќе продолжи да се тестира и ќе избегнува собири, но… Зверев се појави на забава и тоа беше објавено на социјалните мрежи со што се најде на голем притисок од медиумите поради несовесното однесување.


Прв кој реагираше на потегот на Зверев е австралискиот тенисер Ник Кирјос.

„Многу контроверзни рабори се случуваат низ светот, но тоа што паѓа во очи е Саша Зверев. Повторно човеку. Како можеш да бидеш толку себичен. Доколку имаш храброст да објавиш дека ќе бидеш во самоизолација 14 дена сега извини и се на јавноста. Барем имај достоинство да останеш 14 дена во изолација. Господе па биди со девојката 14 дена“, рече Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот