По Ѓоковиќ и Осака остана без титулата на УС Опен

На УС Опен освен во машка и во женска конкуренција ќе има нов шампион. Кај мажите, Ѓоковиќ поради повреда на рамото го предаде мечот во третиот сет против Вавринка, а сега и Наоми Осака доживеа елиминација. Подобра од младата Јапонка беше швајцарската тенисерка Белинда Бенчич во два сета и тоа со 7:5,6:4.

Бенчич прва направи брејк и поведе со 2:0 во гемови, но одговорот од Осака дојде во наредниот гем, прво направи ри-брејк, а потоа и израмни на 2:2. Сепак, во 11 гем од првиот сет, Швајцарката повторно го одзеде сервисот на противничката и успеа да поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Бенчич направи го одзеде сервисот во петтиот гем и поведе со 3:2, и до крајот беше сигурна на својот сервис за триумф од 6:4 и пласман во осминафиналето.

Во четвртфиналето, Бенчич ќе се сретне со Хрватката Дона Векиќ со 2:1 во сетови и тоа со 6:7,7:5,6:3 ја елиминира Јулија Гергес од Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот