По Гасол не го заборава „братот“, доби ќеркичка и и даде невообичаено име: Коби ова е за тебе

Шпанскиот кошаркар доцна синоќа по прв пат стана татко и веднаш направи гест со кој ги воодушеви фановите – одлучи името на својата ќеркичка да биде Елизабет Џиана Гасол, во чест на ќерката на Коби Брајант, која заедно со својот татко загинаа во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари.

„Пристигна нашето мало девојче, пресреќни сме. Елизабет Џана Гасол, ова е име со посебно значење за нашата прекрасна ќерка“, напиша Гасол на Инстаграм.

Средното име, ќерката на По го доби во знак на сеќавање на ќерката на неговиот голем пријател, Коби Брајант, Џиана „Џиџи“.

Меѓу првите кои му честитаа на По Гасол е Ванеса Брајант, сопругата на Коби која на својот Инстаграм напиша „моето кумче пристигна“, на што шпанскиот играч порача
„Те сакаме, ќе бидеш најдобра кума на светот на нашето девојче“.

По и Коби станаа нераздвојни пријатели од времето кога заедно играа во ЛА Лејкерс и освоија две титули. По заедно со сопругата ова лето поминаа заеднички одмор со Ванеса и нејзините ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот