По физички напад пронајдено повредено лице пред угостителски објект

Синоќа на 14.06.2020 во 23.00 часот, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад, полициски службеници од Полициска станица Гостивар на ул.,,Гоце Делчев“, пред угостителски објект, каде го нашле повреден А.Н.(39) од село Лакавица, гостиварско, информира МВР.

Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Известен е Јавен обвинител, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот