По Филипче, и Спасовски негативен на вториот тест за корона

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен, соопшти на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

„Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала.

Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.

Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со КОВИД-19“, напиша Спасовски.

Претходно и министерот за здравство, Венко филипче информираше дека е негативен на вториот тест и дека денеска завршува неговата 14-дневна самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот