8 C
Скопје

По еден месец пауза, пратениците се вратија во собраниските клупи

По речиси еден месец пауза, пратениците денеска се вратија во собраниските клупи. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека владиното мнозинство се уште има проблеми во своите редови.

– Тоа може да го видиме со присустовто на 50- на пратеници од страна на владејачкото мнозинство. Една од причината поради која денеска има продолжение на дури четири седници е да и се покаже на јавноста дека Собранието работи, а во суштина имаме по една до две точки кои исполнуваат услови за работа на пленарната седница. Очигледно, проблемите во владиното мнозинство се уште не се надминати. Да не беше така тогаш ќе закажевте продолжение на 34-та седница, со над 70 точки, за која имаше обиди да почне на 16 февруари, рече Мицевски.

Прочитајте и...  Репортери без граници: Високи владини претставници продолжуваат да им се закануваат на новинари и да навредуваат медиуми

Според спикерот Талат Џафери единствената причина што на денешната седница се најдоа продолжувањата на 21, 22, 25 и 26 седница, е затоа што тие не се довршени, иако се започнати пред повеќе месеци.

Пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиевска Наумовска, за „Слободен печат“ вели дека дел од вината зошто овие точки до сега не се разгледани е и поради односот на опозицијата кон работата на Собранието.

-Опозициските пратеници, односно претседателите на Комисиите навремено не ги закажуваа комисиските седници или, пак, ги одложуваа за да не можат навреме да бидат разгледувани овие точки. Затоа дури сега се на пленарна сединица. Ние ги слушаме опозициските шпекулации околу ново собраниско мнозинство. Ова прашање е веќе апсолвирано така што и парламентарното мнозинство и владината коалиција се стабилни, функционални и работат на реализирање на идејните програми и проекти кои ќе значат подобар живот на граѓаните, рече Рабаџиевска – Наумовска.

Прочитајте и...  Родителите и наставниците гневни за дигиталните учебници: Следна реформа ќе биде модерни училишта без наставници!

Поврзани вести

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

По Велигден, во Бугарија може да има уште еден бран на пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар