По двонеделните протести гувернерот на Порторико и официјално си даде оставка

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, изјави дека ќе поднесе оставка по речиси две недели протести во кои од него се бараше да се повлече од функцијата откако островот по скандалот со навредливите пораки и владина корупција во кој беше вмешан Росело.

Во својот говор Росело рече дека ќе остане на позицијата до 2 август, кога секретарот за правда на Порторико, Ванда Васкез ќе ја преземе фунцијата.

Гувернерот мандат ја објави својата оставка три дена откако во неделата не успеа да ја смири загриженоста на критичарите, велејќи дека нема да бара реизбор следната година и ќе се откаже од раководството на неговата политичка партија.

– Чувствувам дека ако продолжам во оваа позиција ќе го отежнам одржувањето на успехот што го постигнав –  рече Росело.

За време на неговиот мандат како гувернер, островот беше погоден од урагани во кои во 2017 година загинаа околу 3.000 луѓе и кои предизвикаа огромни материјални штети само неколку месеци откако територијата на САД поднесе барање за банкрот.

Сан Хуан го потресоа протести откако на 13 јули беа објавени пораки меѓу Росело и неговите најблиски соработници во кои тој користи хомофобични термини и ги исмева жртвите од ураганите. Околу 500.000 луѓе присуствуваа на најголемите демонстрации во понеделникот.

Росело се соочи со заканата од импичмент откако независниот одбор на адвокати, назначен од претседателот на Долниот дом да ги испита пораките, откри дека во нив биле извршени четири кривични дела и еден прекршок.

Претседателот на Претставничкиот дом, Џони Мендез, во средата изјави за новинарите дека на гувернерот му е дадена можноста да поднесе оставка или да се соочи со импичмент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот