По двонеделна пауза регистрирани нови случаи на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП Комуналец. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на Ковид-19.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово Ростуше 2.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 454 тестирања, досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот