По двегодишна пауза, во Прага 60.000 луѓе на Прајд

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Според проценките на полицијата, околу 60 000 лица учествуваат на прашкиот Прајд, во рамки на традиционалниот летен еднонеделен фестивал на ЛГБТ малцинствата.

Без карневалски возила, со знамиња, цвеќиња, шалови и украси во боите на виножитото, Прајдот се одржува по две години пауза поради ковид-19.

Во градското собрание се вее знаме во боите на виножитото, симбол на борбата на сексуалните малцинства против дискриминацијата, а во истите бои е и пешачката зебра пред седиштето на градските власти, додека градоначалникот на Прага Зденек Хжиб и неговата сопруга се во првите редови на Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата.

Покрај знамињата, учесниците на Прајд носеа и транспаренти за поддршка на ЛГБТ заедницата, а за првпат од одржувањето на маршот учесниците минаа низ центарот на Прага без немири и протести на групи противници. Само на на едно место по патеката стоеја неколку мажи кои ја цитираа Библијата во деловите каде што се зборува за гревот.

Овогодинешниот Прага Прајд и ЛГБТ фестивалот се одржува под слоганот „Срцето е важно”.

„Ова укажува на аспектот на човековите права. Срцето не е само во нашиот амблем. Срцето е симбол на животот, заедништвото, взаемната љубов и хуманоста. Тоа се рефлектира во сите 150 манифестации на нашиот фестивал“, изјави директорот на фестивалот Том Бил.

Прага Прајд завршува вечерва со голем концерт во паркот Летна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот