ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ПАД: Цените на нафтата повторно скокнаа

Цената на нафтата на светските пазари се зголеми за повеќе од 3,5 проценти во текот на минатата недела, по две недели пад, најмногу заради нападот на иранскиот танкер, што дополнително ги засили тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

На лондонската берза цената на барелот се зголеми за 3,7 проценти во минатата недела на 60,50 долари, додека на американската барелот се зголеми за 3,6 проценти на 54,70 долари.

Минатата недела цените беа во тесен опсег, скокајќи околу 2 проценти во петокот по веста за ракетниот напад врз иранскиот танкер во близина на саудиското пристаниште Џеда.

– На пазарот сè уште се сеќаваат на нападите во Саудиска Арабија и последователните многу ненадејни промени во цените. Кога станува збор за цените, влијанието (нападите) е ограничено, освен ако не помислите дека Иран ќе возврати во теснецот на Хормуз … Тоа ги зголеми цените повеќе, а исто така ќе ги зголеми и премиите за осигурување (на танкерите) – вели Оливие Јакоб, аналитичар во „Петроматрикс“.

Тензиите на Блискиот исток се зголемија по нападот на танкерите и американските беспилотни летала во теснецот Хормуз, клучна поморска рута за глобалната трговија со нафта. САД веќе воведоа санкции за извозот на нафта во Иран, со што се намали уделот на Иран во светските резерви.

Поддршка за цените исто така беше дадена од вестите за делумниот трговски договор меѓу САД и Кина, чекор кон ублажување на тензиите меѓу двете земји.

Трговската војна меѓу САД и Кина трае повеќе од една година. Во овој период, САД воведоа повеќе царини на кинески производи во вредност од милијарди долари, а Кина за возврат наметна зголемени царини за американската стока, предизвикувајќи забавување на растот на глобалната економија.

Инвеститорите се надеваат дека намалувањето на тензиите меѓу САД и Кина би можело да спречи натамошно забавување на растот на светската економија и со тоа да ја зајакне побарувачката за енергија. Сепак, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) не смета така. Минатата недела се наведува дека глобалните пазари на нафта закрепнале релативно брзо од нападите врз саудиските постројки и се проценува дека глобалната побарувачка би можела повторно да падне во наредната година.

Поради мрачниот економски изглед во 2020 година, „ИЕА“ ја намали својата прогноза за раст на побарувачката на нафта за 100,000 барели на ден на 1,2 милиони барели.

Сепак, поддршката за цените на нафтата е обезбедена со намаленото производство од „ОПЕК“ и нејзините партнери, како и од постепениот пад на производството од страна на американските производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот