По двата порази Тен Хаг размислува за заминување, управата на Јунајтед го излажала?!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер јунајтед има кастрофален старт на сезоната со два порази во првите две кола,  посебно болен е вториот од Брентфорд кој заврши со 4:0 и според англиските медиуми менаџерот Ерик тен Хаг размислува да си оди бидејќи се чувствува измамен од управата.

Тен Хаг смета дека дека клубот го излажал ветувајќи засилувања во преодниот рок, поточно пет нови квалитетни играчи, но ништо од тоа и медиумите шпекулираат дека Холанѓанецот разговарал со своите адвокати за можноста за раскинување на договорот.

Управата на Манчестер јунајтед досега донесе три засилувања, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез и Кристијан Ериксен кој дојде како слободен играч, но тоа не е ниту еден од играчите на кои Тен Хаг инсистираше. Холанѓанецот бараше од управата на Јунајтед да го купи Френки де Јонг од Барселона, а потоа и врвен напаѓач. Медиумите шпекулираат дека можно е да дојде Саша Калајџиќ од Штутгарт, но тој беше четврта или петта опција на списокот на Тен Хаг.

Преговорите со Марко Арнаутовиќ пропаднаа, додека Јунајтед се откажа од можноста да го купи Ентони од Ајакс бидејќи Бразилецот е прескап.

Се уште е неизвесно дали Адриен Рабио ќе пристигне на „Олд трафорд“ иако тоа не е играч на кој инсистира Тен Хаг. Јунајтед и Јувентус се договорија за отштетата, таа ќе изнесува 18 милиони евра, но проблем прави мајката и агент на фудбалерот, Вероник, која бара преголема плата за својот син. Згора на тоа и навивачите не го сакаат Французинот во тимот.

По слабиот старт на сезоната, навивачите повторно почнаа да бараат сопствениците, американското семејство Глејзер да си оди или да го продаде тимот, но на нив такво нешто не им паѓа на памет.

Дополнителен проблем за Тен Хаг и за навивачите претставува податокот дека во наредното коло, Манчестер јунајтед игра против најголемиот ривал, Ливерпул и евентуален неуспех би можел да ја отвори пандорината кутија на „Олд трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот