По дваесет години ќе се обнови авиолинијата Белград-Приштина

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија (КиМ), Марко Ѓуриќ, изјави денес за РТС дека таа линија би можела да заживее „по укинување на таксите за стоки од Србија” и по воспоставувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Делегација на српското Министерство за економија и компанијата Луфтханза денеска во Берлин попишаа Писмо за намери за повторно воспоставување на авиолинија помеѓу Белград и Приштина, соопштија од Министерството.

Како што јави дописникот на МИА, во соопштението се оценува дека со ова е „направен првиот симболичен чекор за повтрно воспоставување на авиолинија помеѓу главниот град на Србија и Приштина, која ќе го олесни патувањето и комуникацијата на граѓаните од сите националности и ќе го направи Белград поблиску до Приштина и обратно.”

-Покрај зголемување на бројот на патници на Белградскиот аеродром и на српската авиокомпанија (Ер Србија), авиолинијата ќе отвори можности и за бизнис заедницата, која на овој начин би била подобро поврзана и со поефикасни можности за промет на стоки, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека „со потпишувањето на ова исклучиво комерцијално Писмо за намери, Србија покажува јасна определеност за унапредување на слободен проток на стоки, луѓе и капитал и спротивставување на вештачки наметнатите бариери.”

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија (КиМ), Марко Ѓуриќ, изјави денес за РТС дека таа линија би можела да заживее „по укинување на таксите за стоки од Србија” и по воспоставувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Потпишувањето на писмото за намери, рече Ѓуриќ, ќе биде првиот симболичен чекор за обновување на авиолинијата меѓу Белград и Приштина по 20 години.

-Со тоа, покрај 12-те автобуси кои редовно ги поврзуваат Белград и Приштина, во иднина може да добиеме и авиолинија, кажа Ѓуриќ.

Српските власти за оваа намера ќе ги известат УНМИК и КФОР, кои според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН и според Воено-техничкиот договор од Куманово, се задолжени за контрола и координација во името на Србија на воздушниот простор на Србија на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот