По два часа гласање излезноста во Гевгелија над 10 отсто

Во изминатите два часа од отворањето на 37 избирачки места во општина Гевгелија, правото на глас го искористиле 1.926 граѓани или 10,08 отсто, соопшти претедателката на ОИК, Роберта Јанчева.

Избирачкиот процес, информира, се одвива мирно, без никакви забелешки.

До 9 часот во општина Богданци на едно гласачко место излегле 480 граѓани или седум отсто од запишаните. Нешто помала излезност е забележана во општина Валандово каде според претседателот на ОИК излезноста е 5,84 отсто, односно до 9 чаот гласале 579 граѓани на 24 избирачки места.

Излезноста, според евидентираните гласачи, е најголема во општина Дојран каде на гласање излегле околу 13 отсто или 207 граѓани на осум избирачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот