По долга и тешка борба со ракот: Книжевниот свет ја загуби Лусинда Рајли

По четиригодишна борба со ракот, книжевниот свет денес ја загуби Лусинда Рајли, вистински мајстор на пишаниот збор и една од најчитаните писателки во светот, но и кај нас. Оваа тажна вест ја соопшти нејзиното семејство со објава на социјалните мрежи.

– До пријателите на Лусинда и читателите низ светот,

Жал ни е што мораме да ви соопштиме дека Лусинда почина мирно утрово, опкружена со нејзиното семејство кое беше толку важно за неа. Сфаќаме дека ова ќе биде ужасен шок за повеќето луѓе кои не беа свесни дека Лусинда се бореше со рак веќе четири години.

За време на тие четири години, Лусинда напиша 5 романи, а оваа седмица „Загубената сестра“ е број 1 роман во целиот свет.

Лусинда ги трогна животите на сите што ги запозна и оние кои ги свртеа страниците на нејзините приказни. Таа зрачеше со љубов и љубезност во сè што правеше и ќе продолжи да нè инспирира сите засекогаш.

Пред сè, Лусинда го сакаше животот и го живееше секој момент во целост.

Со нејзини зборови: „Преку болката и радоста на патувањето, ја научив најважната лекција што може да ја понуди животот, и мило ми е заради тоа. Моментот е сè што имаме, стои во емотивната објава.

Оваа ценета ирска писателка ја стекна својата светска популарност со своите семејно-љубовни романи кои изобилуваат со заплети и интересни личности. Нејзините дела се преведени на 30 јазици, а продадени се над 15 милиони примероци. „Куќата на орхидеите“, „Полноќна роза“, „Ангелско дрво“ и „Девојчето на гребенот“ се едни од најдрагите книги на македонската читателска публика, дела по кои ќе остане запаметена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот