По договорот за крај на воените дејствија: Шести „Иљушин 76″ со руски мировници полета кон Нагорно Карабах

Фото: EPA-EFE/NINA ZOTINA / HOST PHOTO AGENCY / POOL MANDATORY CREDIT

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76″ со руски мировници замина за Нагорно Карабах.

– Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата ТАСС.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За спроведување на договорениот мир, руските војници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за завршување на војната во Нагорно Карабах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот