По договорот меѓу власта и опозицијата за 40 закони, денеска  „мазно” се гласаат законите

Фотo: Слободен печат/ Драган Митрески

По вчерашниот договор меѓу власта и опозицијата, да бидат изгласани околу 40 закони, кои треба да стартуваат од 1 јануари, на денешната собраниска седница лесно врват законите. За разлика од пред два дена кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со реплики и контра реплики до полноќ не дозволија да биде дневнот ред, денеска само за еден час поминаа десетици закони. Опозицијата не поднесува амандамни на законите, и тие се гласаат без пратеници кои гласаат против, ниту воздржани, туку само „ЗА”.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за Законот за дополнување на даночната постапка, кога рече дека економската состојба во државата е лоша. Бидејќи врз грбот на 80.000 вработени во 1.200 фирма паѓаат сите идеи на владата. Во тесно е владата и ја разбираме дека сака да ќари некој глас на изборите, но нема да се спаси од пораз- рече Ѓорчев.

-Со секој нов ден им давате нов терет на овие фирми.  Не се согласувам со даночните политики на Зоран Заев и неговите 28 министри, бидејќи не даваат резултати.  Со овие 200 закони ќе ни треба буџет од пет милјарди. Ова се политики на Милка Планинц кои ја банкротираа Југославија. Ние немаме реален сектор секој ден нови даноци и нови обврски. Кој ќе го плати сето тоа- рече Ѓорчев.

Диме Велковски од СДСМ го потсети Ѓорчев дека зборува за нешто што не е ниту на дневниот ред, ниту пак е содржано во законот.

-Ова што вие го зборувате нема врска со законот, не се зголемува данокот. Точка на дневниот ред е Предлог – закон за дополнување на даночна постапка, во кој се менува само еден член и тоа во делот на продажба на движни и недвижни ствари. Со ваквата измена се овозможува влегување на странски и домашен  капитал во фирми  во стечај за нивна реставрација- рече Велковски.  

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа Законот за превоз во патниот сообраќај. Како што кажа пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Љиљана Затуровска, измените ги поддржуваат бидејќи е еден мал исчекор во врска со заштита од загадувњето.

Досега помнаа Предлог- законот за задолжителни нафетни резерви за земјоделство и рурален развој, за филмските работници, законот за полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот