По десет години зад решетки: Неонацистот и негатор на Холокаустот, Хорст Малер на слобода

Фото: EPA/ZOLTAN MIHADAK HUNGARY OUT

Осудениот неонацист, негатор на Холокаустот и еден од основачите, а подоцна и правен застапник, на Фракцијата на црвените бригади (РАФ), Хорст Малер излезе од затвор по отслужување на 10 годишната казна, соопшти казнената установа во градот Бранденбург во близина на Берлин.

Малер, кој денеска има 84 години, во 2009 година беше осуден на затворска казна поради ширење национална омраза. Тој припаѓа на првата генерација на екстремно левичарската Фракција на црвените бригади, која ја основал заедно со Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф. На почетокот на 70-те години од минатиот век беше осуден на 14 години затвор поради грабеж на банка.

Во 90-те години од минатиот век, Малер политички се сврте кон екстремната десница и стана еден од водечките членови на неонацистичката Национал-демократската партија на Германија (НПД), истакнувајќи се со антисемитски испади и ширење омраза кон странци.

Според актуелната пресуда, Малер во иднина ќе биде под контрола на властите и нема да му биде дозволено објавување текстови без претходна проверка од страна на власта. На ваквата судска одлука Малер поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот