По Црна Гора и Албанија побара помош од НАТО за справување со коронавирусот

Уште еднаш да не создадеме илузии, зашто многумина велат „им даде пари Европа”, но тие пари не пристигнуваат со куфери, рече Рама.

Албанската Влада побарала помош од НАТО за справување со ситуацијата создадена од „Ковид-19″. Ова го потврди премиерот Еди Рама, гостувајќи во емисијата „Топ Талк” на телевизија Топ чанел, додавајќи дека „барањето е направено исто како и другите земји”.

-Ние ја направивме истата постапка, но не знам зошто не стана вест, но тоа не е наша работа. Ние ја следевме процедурата што ја следеа и други земји,рече Рама.

На прашањето дали има одговор од страна на НАТО вели дека не е информиран.

-Не сум информиран дали има одговор, но ако имаше ќе бев информиран. Уште еднаш да не создадеме илузии, зашто многумина велат „им даде пари Европа”, но тие пари не пристигнуваат со куфери, рече Рама.

Претходно Владата на Црна Гора информираше дека побарала помош од НАТО во вид на санитетски материјал и апарати за борба против епидемијата на корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот