По цена на уништени реки: Малите хидроцентрали – измама за „лапање“ пари од сметките на граѓаните

Марјан Ненов, Фото: Принтскрин /Утрински брифинг

Малите хидроцентрали кај нас служат само за крадење на граѓаните според добро осмислена шема, во која и оваа и претходната власт на поединци им овозможува на лесен начин да дојдат до концесии за изградба на МХЕЦ и потоа преку субвенции да цицаат милионски профити, заштитени со законски одредби за стимулирање на производство на струја од обновливи извори, вели за Слободен печат Марјан Ненов, граѓански активист, член на здруженијата „Но Пасаран“, „Движење за чист воздух“ и иницијативата „Граѓански фронт“.

– Со секоја сметка, секој од нас плаќа 6 проценти за тие обновливи извори од кои дел одат за МХЕЦ. Тоа се хидроцентралите на добро нафатирани бизнисмени, на кои им е гајле за штетите кои ги предизвикуваат, а тоа можевме да го видиме и со аферата со мазутот, вели Ненов.

Шемата, додава тој, функционира така што концесиите ги издава Министерството за животна средина, а потоа никој не ги контролира како работат и какви штети прават, бидејќи животната средина со години е во рацете на ДУИ, а до скоро тоа беше и Државниот Инспекторат за животна средина.

– Кога би имале барем некаква полза од малите хидроцентрали, можеби и би се согласиле тие да се градат, но реалноста е дека нивниот енергетски придонес е неколку проценти од вкупниот енергетски потенцијал во државава, но штетите кои тие ги прават се огромни и неповратни. Честопати тие се градат на потоци кои немаат доволно вода и ќе беа целосно неисплатливи да не се субвенциите – вели Ненов.

Тој ја повика Владата да ги укине субенциите за малите хидроцентрали и да го спречи криминалот со кој се уништува природата и да се покрене постапка за враќање на реките во првобитна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот